Во Ирак одземени лиценците на 10 сателитски телевизии

Од:

Ирачкиот премиер Нури ал Малики нареди одземање на лиценците на 10 сателитски телевизиски канали на територијата на земјата.

На црната листа на Малики заедно со националните канали „Багдад“, „Аш Шаркија“ и „Ел Фалуџа“ е и катарската телевизија „Ал Џезира“.

Како причина за одземањето на лиценцата се наведува „поттикнувањето кон насилство и секташтво“.

– Телевизиските канали беа предупредени дека таквата политика е недозволива, а потоа беше забрането нивно емитување на цела територија, истакна портпаролот на ирачката Влада.

Минатата недела во повеќе ирачки провинции имаше судири меѓу војската и сунитите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак