Руската армија наскоро ќе го добие првиот противавионски ракетен систем С-500, кој важи за таен и суперснажен комлекс. Со ова, значително, според ексертите ќе се зајакне моќта на руската армија.
Според експертите, С-500 е нова генерација на противавионските ракетни системи и служи за уништување на балистичките и аеродинамичните цели.
Основна задача на комлексот е борба против боевите ракети од среден домет, а во случај на потреба и против интерконтинеталните балистички ракети.
Системот С-500 ќе може да пронаѓа цели и на далечина о 900 километри и ќе може да урива се што лета, од боеви глави на интерконтинетални ракети до сателити на ниските орбити.