Во ситуација на тензии со Кина, Тајван почна еднонеделни воени вежби

Од:

Тајван денеска почна еднонеделен сет на воени вежби, вклучително и вежби со боева муниција во сценарио за одбрана од инвазивни напади, јави ДПА.

Вежбите се одвиваат во време на тензии околу потезите од Кина, вклучително и наметнување закон за национална безбедност на Хонг Конг и серија упади од страна на воените авиони на Пекинг во воздушниот простор на Тајван

Заедничкиот команден центар за операции на Министерството за одбрана издаде наредба да почне денеска неделата на вежби, објави државната Централна новинска агенција (ЦНА).

Главниот настан е сценарио за одбрана каде комбинираната копнена, воздушна и морска сила ќе се соочат со наводен непријателски обид за напад на брегот на островот, во округот Џианан во четврток.

Претседателката Цаи Инг-лин лично ќе ја набудува вежбата, која има за цел да ги потенцира операциите на некои од ново формираните комбинирани баталјони во Тајван.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски