Македонија дел од Антологијата “Атлас на европската лирика“

Од:

Песните на тројца македонски поети се дел од антологијата на европската поезија „Атлас на европската лирика“, која ја објави Друштвото на писатели на Босна и Херцеговина.

Во Антологијата, која на 500 страници донесува поезија на 66 поети од 12 европски држави чии малцинства живеат на територијата на Босна и Херцеговина, се претставени песните на Радован Павловски, Ефтим Клетников и Лидија Димковска во препев на српски на Петар Кепески, Душко Новаковиќ и Ристо Василевски.

Освен македонската, во антологијата се застапени и поезиите на Црна Гора, Чешка, Италија, Израел, Унгарија, Германија, Полска, Словенија, Словачка, Украина како и поезијата на Ромите. На промоцијата што неодамна се одржа во Културниот центар на Бања Лука како претставник од Македонија учествуваше Лидија Димковска.

Антологијата ја подготвија и уредија проф. Миљко Шиндиќ и поетот Здравко Кецман.  Во антологијата се застапени, според предговорот на проф. Миљко Шиндиќ, најзначајните претставници на националните поетски генерации.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска