Виолинист од Македонија најуспешен на Меѓународен натпревар за гудачи во Ниш

Од:

Македонскиот виолинист Бојан Илкоски ја освои првата награда на 6. Меѓународен натпревар за гудачи во Ниш, Србија.

Илиоски студира на Факултетот за музичка уметност во  Скопје во класата на професор Олег Кондратенко. Во досегашната кариера бележи бројни домашни и меѓународни успеси, награди и признанија, а настапува во Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска.

– За мене како млад виолинист ова признание ми значи бидејќи е меѓународна потврда за повеќегодишната надградба и макотрпна работа, како индивидуално, така и со мојот професор.

– Македонската публика наскоро ќе има можност да го слушне мојот следен рецитал кој ќе се одржи на 21 мај во организација на КИЦ-Скопје каде ќе настапам со еден од најуспешните македонски пијанисти Дино Имери, вели Илиоски.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска