Продолжува победничката серија на кошаркарите на Кожув и по 7. коло од Суперлигата. Гостите од Гевгелија вечерва во „Градски парк“ во Скопје го победија Работнички со 73:71. По четвртини: 16:16; 28:19; 6:15 и 23:21.
Со оваа победа тимот предводен од Марјан Србиноски изби на второто место на табелата со биланс од пет победи и два пораза, додека Работнички има ефект од 4-3 (победи-порази).
На вториот меч од оваа рунда одигран вечерва, во Кавадарци Фени Индустри убедливо со 96:76 ја победи Лирија и направи голем чекор кон пласман во плеј-офот.
Во последниот дуел од 7. коло, шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 37 поени разлика го совлада Куманово. По конечните 112:75 аеродромци остануваат на врвот на табелата со само еден пораз.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 6-1 (победи-порази), Кожуф 5-2, Работнички 4-3, Фени Индустри 3-4, Куманово 2-5 и Лирија 1-6.