Ангеловска на тркалезна маса на СБ: Светска банка останува наш посветен партнер

Од:

Светска банка останува наш посветен партнер, како во поволни економски услови, кога ни е поддршка во мерките кои се преземаат за развој на економијата и општеството, така и сега – кога преземаме мерки за надминување на последиците на Ковид-19 кризата, најголемата економска криза по Големата депресија.

Ова денеска го истакнала министерката за финансии Нина Ангеловска на онлајн Тркалезната маса на тема „Политики за поддршка на приватниот сектор“ за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 во организација на Светска банка

Целта на овој онлајн настан, како што соопштија од Министерството за финансии, е да собере високи претставници од областа на финансии и економијата за да зборуваат за своите искуства и мерките кои ги преземаат за справување со последиците од коронавирусот и ефектите врз стопанството.

На тркалезната маса, покрај Ангеловска учествуваа министри за финансии, за економија, за инвестиции, гувернери на централни банки, како и високи претставници на Светска банка – Сејла Пазарбасиоглу потпретседател за рамномерен развој, финансии и институции, Мари Пангетсу, оперативен директор за развој и партнерство и други високи претставници.

Преку Светска банка се обезбедени дел од средствата за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со која околу 20.000 или една третина од сите компании во земјава кои вработуваат преку 130.000 лица, да ги задржат вработените и да исплатат пристојни плати во време на кризата, во услови кога нивните приходи се намалија за над 30 проценти.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска