Русија бара да се докажат тврдењата за хемиското оружје на Сирија

Од:

Тврдењата дека Сирија користи хемиско оружје не треба да бидат изговор за странска воена интервенција во земјата, изјави денеска во Бејрут рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов.

Тој рече дека „доколку има сериозни информации дека Сирија користи хемиско оружје, тие информации треба да се проверат“ а не да се користат за „постигнување на други цели“. Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на американскиот претседател Барак Обама дека употребата на хемиско оружје би била клучна за промената на ставот на САД кон кризата во Сирија, односно тоа би било „црвената линија“.

Во четвротокот, американски официјални претставници изјавија дека постојат докази оти Сирија користи хемиско оружје во мали количини, но дека е потребна дополнителна истрага за да се потврдат сомневањата.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи