Привремен сообраќаен режим на ул. „Св. Кирил и Методиј“

Од:

Поради изведба на атмосферска, фекална и водоводна мрежа во две фази на улицата „Св. Кирил и Методиј“, поранешна „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ викендов на оваа делница ќе има привремен сообраќаен режим.

Во првата фаза, како што информира Град Скопје, ќе се затворат десните две сообраќајни ленти и сообраќајот ќе биде пренасочен на третата коловозна лента, која ќе остане слободна.

Во втората фаза ќе се затворат двете крајни леви сообраќајни ленти, а сообраќајот ќе се одвива по десната коловозна лента. Местото ќе биде обележано со соодветни знаци и бариери. Ваквиот режим на сообраќај ќе се одвива до завршувањето на градежните работи.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања