Целосен прекин на сообраќајот кај новиот кружен тек на улицата „Лазо Трповски“

Од:

Поради асфалтирање на новоформираниот кружен тек меѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“ со завршниот асфалтен слој, викендов сообраќајот на оваа крстосница ќе биде во целосен прекин.

Автобуската линија со број 9 што сообраќа кон Топанско Поле ќе се движи преку улиците „Џон Кенеди“ и „Лазо Трповски“, до супермаркетот „Принц“. Во обратна насока, кон Центар, автобусите ќе се движат по улиците „Методија Митевски“, „Благоја Паровиќ“ и „Џон Кенеди“  и ќе продолжуваат по својата траса.

Автобусот со број 18А ќе се движи по булеварите „Словенија“ и „Македонско-косовска бригада“, потоа по улицата „Џон Кенеди“ и ќе продолжи по својата траса.

Автобусите со броевите 19, 49 и 81 ќе сообраќаат по улицата „Босна и Херцеговина“, по крак од улицата „Дижонска“ и продолжуваат по својата траса по улицата „Втора македонска бригада“.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на кружниот тек меѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“ и да се придржуваат на поставената патна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан