Вториот тенисер на светот Рафаел Надал изјави дека тој си поставил цел за себе, а тоа e да освои најмалку 25 гренд слем титули до крајот на кариерата.
Тенисерот од Мајорка исто така изјави за Би-Би-Си дека „нема да биде премногу лут на самиот себе“ ако не успее да го стори тоа.
Шпанецот моментно е на 19 гренд слем трофеи, од кои 12 се од Ролан Гарос, тој има една титула помалку од Роџер Федерер (20) и двe повеќе од Новак Ѓоковиќ (17).
Надал вели дека е свесен дека времето не работи за него.
– Исклучително сум задоволен од тоа како се разви мојата кариера, но не би полудел да размислувам за таа 20-та титула или дали ќе победи Новак Ѓоковиќ. Одам на свој пат, уживам во тенисот. Би сакал да ја завршам кариерата со 25 титули ако е можно. Сепак, да видиме што се случува. Се надевам дека ќе имам можност да го сторам тоа во следните неколку години, вели Надал.
Надал минатата година ги освои УС Опен и Ролан Гарос, но според новите, привремени правила за бодување, тој нема да мора да игра на овие турнири, затоа што на листата повторно ќе се пресметува максималниот учинок од тие два турнира од 2019 година.