Обезбедување преку 300 милиони евра за крупни капитални проекти како „Пречистителна станица Скопје“, „Локални патишта“, „Проект за наводнување“ и „Енергетски ефикасни студентски домови“, поврат на преку 600 милиони евра на ДДВ кон компаниите и 11 милиони кон граѓаните, мерка за покачување на платите, учество во дијанирање и спроведување на трите пакети антикризни мерки, дебирократизација на работењето, активности кон зголемување на транспарентноста, дигитализација и намалување на сивата економија, се дел од 38 проекти и мерки кои министерката за финансии Нина Ангеловска ги наброја во своето видео-обраќање за сработеното досега во Министерството за финансии, објавено на социјалните медуми.
Отчет за дел од сработеното во изминатите 10 месеци во Министерството за финансии
Не е сѐ, но е одбран дел од сработеното. Издвоив топ 38 работи што ги реализирав како Министер за финансии заедно со тимот во периодот од моето доаѓање до сега. Особено голем предизвик беа 35 и 36, а особено горди сме со тимот за 1,2 и 3. Од оние кои имаат влијание на животната средина 13 ? за чист Вардар
Posted by Nina Angelovska on Четврток, 09 јули 2020
Таа посочува дека во изминатиот период се донесени мерки со кои се подобрува стандардот на граѓаните
-Донесовме буџет “Инвестираме во човечки капитал” – во кој вградивме – поголеми плати за здравствените работници од 5%-25% и за просветните работници за 10%, поголеми пензии за 700 денари, повеќе пари за мерки за вработување, за поддршка за покачени плати во приватниот сектор…Овозможивме 120.000 вработени во 20.000 фирми да имаат покачени плати со мерката за субвенционирање на покачување на платите – вели Ангеловска.
Ангеловска вели дека за овој период се вратени рекордни средства по основ на поврат на ДДВ кон фирмите, како и дека е извршен поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале сметки. Како дополнителна мотивација за граѓаните да скенираат сметки била воведена #МојаНаграда.
-Вративме 402 милиони евра ДДВ на фирмите во 2019 година и 206 мил во 2020 – тоа е 26% повеќе од 2018 и за 44% повеќе од 2017 година. Вративме 11 милиони евра ДДВ на повеќе од 200.000 граѓани кои скенираат сметки со МОјДДВ. Ја лансиравме МојДДВ МојаНаграда – им понудивме уште поголем поттик на граѓаните да се борат со сивата економија – вели Ангеловска.
Во контекст на КОВИД-19 кризата, министерката за финансии посочува дека таа донела уште потурбулентен период и поголеми предизвици за неа и нејзиниот тим.
-Придонесовме во креирањето и имплементирањето на три сета економски мерки за справување со КОВИД кризата / домашни платежни картички, ваучери за туризам, ваучери за студенти за ИТ вештини, и бројни мерки за поддршка за стопанството…Ја донесовме мерката за финансиска поддршка за исплата на плати 14.500 денари по вработен – која одржа над 140.000 работни места во кризата. Како антикризна мерка – го ослободивме стопанството од аконтации од данокот на добивка и данокот на личен доход од март до јули. Овозможивме одложување на ратите на кредитите на граѓаните и помали рати за најмалку 70% кај финансиските друштва. Пуштивме 13.7 мил евра бескаматни кредитни линии преку Развојна банка кои помогнаа на над 1500 компании – вели Ангеловска во обраќањето.
Таа вели дека преку домашната платежна картичка со 28 мил евра се поддржани над 320.000 граѓани, а преку нив и илјадници домашни компании.
– Поставивме нови стандарди и го дебрикратизиравме начинот на имплементација на ваквите мерки. Се фокусиравме на домашното, – го дополнивме правилникот и ги дефиниравме македонските производи. Воведовме промена во МојДДВ, 20% наместо 15% поврат за македонски производи и услуги – вели Ангеловска.
Во односно на реализацијата на капитални проекти од страна на Министерството за изминатиот период, Ангеловска вели дека има исклучително добра реализација на Проектот за подобрување на општински услуги, со кој преку капитални инвестиции се обезбедуваат подобри услови за живот во општините.
-Со Проектот за подобрување на општински услуги започнавме над 30 проекти и завршивме над 60 проекти – ова се градинки, училишта, патишта, игралишта, водоводи, кои опслужуваат над 1.000.000 граѓани – вели Ангеловска.
Таа посочува дека во изминатиот период се обезбедени средства за други крупни капитални проекти како 136 милиони евра за Пречистителна станица Скопје, 70 милиони евра за изградба на локални патишта и 107 милиони евра за Проектот за наводнување и за Енергетски ефикасни студентски домови.
Ангеловска посочува и дека преку нови алатки е зголемена значително транспарентноста.
-Значајно ја зголемивме транспарентноста – отворивме нова алатка капитални расходи за сите да ја следат реализацијата за сите институции. Го отворивме трезорот на државата за јавноста со алатката Отворени финансии. Лансиравме и трета алатка и покажавме пример за поинаква борба со лажните вести и како нешто деструктивно може да прерасне во нешто конструктивно- со Јавен долг – и дадовме на јавноста разбирлива и точна информација за јавниот долг – вели Ангеловска.
Во видео-обраќањето набројува и повеќе закони, мерки, алатки кои се во насока на олеснување на процедурите, дебирократизација и дигитализација.