Судот во Израел на жените им даде право да се молат

Од:

Судот во Израел на полицијата и забрани да ги спречува жените слободно да вршат верски обреди и да носат молитвени шалови, што до сега не беше случај, бидејќи ортодоксните Евреи сметаа дека тоа е дозволено само за мажи.

Судот соопшти дека жените со молитвата не вознемируваат никого и дека нема причина да бидат спречени во тоа.

Либералните женски еврејски групи веќе некое време се обидуваат да се изборат за правото на жените, заедно да се молат со мажите, пред Ѕидот на плачот.

Ѕидот на плачот во Ерусалим е поделен на секции за мажи и жени. Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху неодамна даде поддршка за компромисното решение, да се направат секции, каде што заедно ќе може да се молат и мажи и жени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Видео од куќата на Нетанјаху објавено по напад со беспилотно летало, не се знае како затаи одбраната

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

Најмалку 16 загинати во нов израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Катерина Ѓуровски