Работнички домаќин на Кожув во дербито од Суперлигата

Од:

Екипите на Работнички и Кожув ќе играат во дерби натпреварот од 7. коло на кошаркарската Суперлига. Дуелот на второ и трето пласираните екипи на табелата кои досега имаат по 4 победи и 2 пораза, ќе се игра вечерва од 19 часот во салата „Градски парк“ во Скопје.

Во истиот термин во Кавадарци, е закажан натпреварот меѓу Фени Индустри и Лирија кои до крајот на Суперлигата ќе се борат за пласман во плеј-офот.

Седмиот круг од кошаркарското првенство на Македонија ќе биде заокружен со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Куманово кој ќе започне од 19 часот и 30 минути воСЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Табела: МЗТ Скопје Аеродром 5-1 (победи-порази), Работнички 4-2, Кожув 4-2, Фени Индустри 2-4, Куманово 2-4 и Лирија 1-5.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ