Екипата на Олимпијакос за која настапува капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ, обезбеди учество на завршниот турнир од Евролигата.
Во петтиот решавачки натпревар од четвртфиналната серија, синоќа во Атина, Олимпијакос со 82:72 го совлада Анадолу Ефес и со вкупни 3-2 во победи се избори за „Фајнл фор“. Антиќ имаше учинок од пет поени и шест скокови. Првата пречка во одбраната на титулата за тимот на Антиќ ќе биде ЦСКА Москва.
Во другото полуфинале ќе играат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Завршниот турнир ќе се игра во Лондон од 10 до 12 мај.