Саудиска Арабија го кандидираше денеска поранешниот министер за економија и планирање Мухамед Мазаид ел Туваиџри за функцијата генерален директор на Светската трговска организација (СТО).
Тоа е само уште една од бројните номинации кои пристигнале во последен момент, имајќи предвид дека актуелниот генерален директор на СТО Роберто Азаведо заминува од таа функција следниот месец. Мухамед Мазаид ел Туваиџри станал советник на кралскиот двор во март, во рангот на министри.