Екипите на Њујорк и Сан Антонио ноќеска постигнаа победи на гостувањата кај Бостон односно Лос Анџелес Лејкерс и поведоа со 3-0 во добиени натпревари во 1.коло од НБА плеј-офот.
Сан Антонио ја искористи предноста и повредените играчи кај противникот и ги совлада „езерџиите“ со 120:89.
На листата на повредени кај Лејкерси се Коби Брајант, Стив неш, Стив Блејк и Џоди Микс. Во Бостон Њујорк се „прошета“ и славеше против Бостон со 90:76.
Најинтересно беше на дуелот Голден Стејт – Денвер каде домаќинот победи со 110:108. Денвер на десет секунди до крајот направи грешка во напад, а откако Голден Стејт реализираше едно слободно фрлање, Андре Игудала од половина терен го погоди обрачот.
Вечерва се играат четири натпревари: Чикаго – Бруклин (2-1 во победи), Мемфис – Лос Анџелес Клиперс (1-2), Атланта – Индијана (0-2) и Хјустон – Оклахома Сити (0-2).