Почнува да се применува колективниот договор во културата

Од:

Платите во културата за јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор, договорено е меѓу синдикатот и преставниците на власта.

На средба меѓу претставници од Синдикатот на култура, премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, е договорено членот од Колективниот договор со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година.

Колективниот договор за културата е склучен на 30 декември 2019 година.

Како што соопшти Министерството за култура, со членот 130 беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите од членовите 65 и 66 (плати на вработените во областа на културата), кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот