Надежда Толоконникова, една од членките на руската панк група „Пуси рајот“, побара да биде предвреме ослободена од затвор. Толоконникова е осудена на две години во работен логор. Таа веќе одлежа шест месеци во логорот и вкупно една година зад решетки, сметајќи од датумот на апсењето.
Панкерката од судот во Зубово-Полиански побара условно ослободување, но одбива да признае дека е виновна и да се покае. Според рускиот закон, секој кој отслужил половина од пресудата има право да побара условно ослободување.
Аргумент во корист на Толоконникова е тоа што таа има малечка ќерка.