Четири лица загинаа денеска при уривање на мал авион во близина на Ротенбург, југозападно од германскиот град Хамбург. Како што соопшти германската полиција, авионот полетал од местото Рендсбург во близина на германско-данската граница и се урнал при слетувањето на аеродормот крај Ротенбург.
Остатоците на авионот, кој се запалил по падот, се лоцирани на околу два километри од пистата.
Според полцијата, несреќата не ја преживеал ниту еден од патниците во леталото.