Возила кои се потешки од седум тони не можат да минуваат по мостот кај селото Сретково во близина на превојот Стража. Од СВР Тетово информираат дека на овој дел од магистралниот пат Гостивар-Кичево е воведен посебен режим на сообраќајот. Причината е оштетувањето кое се појавило на средината од мостот.
Во средата, А.Б. од Зајас додека управувал со „Фиат-пунто“ доживел непријатност и го оштетил возилото откако минувајќи по мостот едното тркало му пропаднало во дупката. По пријавата преземени се мерки за безбедност во сообраќајот на оваа магистрала, а тешките товарни возила се пренасочуваат кон други правци.
Од СВР Тетово апелираат до возачите да бидат претпазливи особено кога се во близина на превојот Стража и оштетениот мост.