Филипче: Платите на специјалистите во „Св. Еразмо“ зголемени за 27.000 денари

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

Во оваа јавно-здравствена установа, согласно протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, времено во функција е ставен новиот амбулантски дел, каде се третираат пациенти, како и посебен дел за пациенти со Ковид-19.

На средбата со директорот и вработените, министерот Филипче се заблагодарил на целиот медицински персонал за макотрпната работа и напорите кои ги вложуваат за спас на секој живот, особено сега, во справувањето со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

– Во изминатите две и пол години значително ги зголемивме платите на сите здравствени работници. Согласно тоа, во просек, доктор-специјалист во оваа установа во 2017 година примал 53.015 денари нето плата, а со сите покачувања, сега докторот специјалист во истата установа прима 80.291 денари нето плата. Платата на медицинска сестра со висока школа од  26.740 денари нето во 2017 година, во 2020 година е зголемена на 32.315 денари, потенцираше Филипче.

Во Специјалната болница, истакна Филипче, во изминатиот период значително се подобрени и условите за пациентите и вработените, а во кругот на болницата е отворен и Центар за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција за лица со аутизам, АДХД и Аспергер синдром.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“

Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите