Екипата на Олимпијакос за која настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Анадолу Ефес ќе играат во мајсторката за обезбедување пласман на „Фајнл фор“ турнирот во кошаркарската Евролигата.
Натпреварот во Атина ќе започне вечерва од 20 часот и 45 минути.
Место во завршниот турнир синоќа обезбеди Барселона која со 64:53 го победи Панатинаикос и со вкупни 3-2 во победи стана третиот патник во полуфиналето од елитното натпреварување.
Претходно помеѓу четирите најдобри екипи се пласираа ЦСКА Москва и Реал Мадрид.
Завршниот турнир од Евролигата за сезоната 2012/13 ќе се игра во Лондон од 10 до 12 мај.