Белградските екипи и големи ривали Партизан и Црвена Звезда ќе играат во финалето на регионалната кошаркарска АБА лига. Ова е епилогот по второто полуфинале на „Фајнл фор“ турнирот кој се одржува во Лакташи (Босна и Херцеговина), во кое Партизан со 63:57 ја победи Игокеа.
Претходно во првиот полуфинален дуел Црвена Звезда беше подобра од Раднички со 79:78.
Со пласманот во финалето двете српски екипи обезбедија учество во елитната Евролига.
Според пропозициите Игокеа треба да игра квалификации за Евролигата како поразен полуфиналист, а со подобар пласман од Раднички во основниот дел од сезоната (Игокеа заврши на првото место).
Финалето меѓу Црвена Звезда и Партизан ќе се одигра утре со почеток од 20 часот и 30 минути.