Екипата на Чикаго поведе во плеј-офот од НБА лигата против Бруклин со 2-1 во победи, откако ноќеска славеше со 79:76. Тандемот на „биковите“ Карлос Бузер и Луол Денг натпреварот го заврши со „дабл-дабл“ ефект.
Овие двајца играчи беа најзаслужни за втората победа на Чикаго во серијата подобар од седум. Бузер постигна 22 поена и имаше 16 скокови, додека Денг имаше 21 поен и 10 скокови.
Кошаркарите на Мајами се на една победа до 2.коло во разигрувањето за титулата. Тие поведоа со 3-0, откако и во третиот натпревар го победија Милвоки со 104:91.
Тимот на Мемфис ја постигна првата победа над Лос Анџелес Клиперс со 94:82 и намали во серијата на 2-1.
Вечерва се играат три натпревари: Бостон – Њујорк (0-2), Лос Анџелес Лејкерс – Сан Антонио (0-2) и Голден Стејт – Денвер (1-1).