Кошаркарите на Барселона вечерва пред своите навивачи со 64:53 ја добија „мајсторката“ со Панатинаикос и со тоа обезбедија пласман на завршниот турнир во Лондон.
По ЦСКА Москва и Реал Мадрид, и екипата на Барселона ќе се најде на Фајнал форот во Евролигата.
Хуан Карлос Наваро со 15 и Марселињо Хуертас со десет поени беа единствени двоцифрени во нападот на Барселона додека кај Панатинаикос двоцифрен ефект имаше само Стефан Ласме со своите 16 поени.
Последниот патник на Фајнал форот ќе биде познат утревечер по „мајсторката“ во Пиреа помеѓу Олимпијакос и Ефес.