Тимот на Партизан е вториот финалист на завршниот турнир од АБА лигата откако вечерва „црно-белите“ славеа над домаќинот Игокеа со 57:63.
Бертанс беше најзаслужен за големиот триумф со 15 постигнати поени, Ловерн беше стрелец на 12 поени, еден повеќе од Лучиќ.
На спротивната страна, Игокеа беше предводена од Едвардс, но неговите 19 поени беа недоволни за да се избегне поразот.
Во големото финале што е на програмата в сабота (20.30 часот) нова битка за трофејот ќе водат вечните градски ривали Партизан и Црвена звезда.
ФОТО: Б92