Медиумскиот гигант „Би-Би-Си“ соопшти дека укинува 450 работни места во својата матична филијала во Велика Британија со цел да ги намали трошоците и да ги преструктуира своите локални редакции.
Според главниот британски синдикат на новинари, овие намалувања на вработените ќе имаат сериозно влијание врз покривањето на локалните вести, како и врз популарноста на националниот сервис.
Укинувањето на 450 места од вкупно 3.000 во Би-Би-Си во Велика Британија ќе доведе до заштеда од 25 милиони фунти до крајот на март 2022 година, но и треба да ги ублажи големите економски загуби настанати поради ковид пандемијата.
Во јуни, Би-Би-Си соопшти дека укинува 150 работни места во Шкотска, Велс и Северна Ирска, со што вкупниот број сега достигна до 600 укинати работни места.
Според планираното преструктуирање, мрежата на локалните радиостаници и регионалната телевизија на филијалата на Би-Би-Си во Велика Британија ќе претрпат значителни промени.