Натпреварувањето за пиење на вотка, беше трагично за еден возрасен Полјак, од местото Ваврув на истокот на Полска, бидејќи по испиено шише вотка почина.
Ришард Г. се натореварувал со уште неколку мажи пред локална продавница, кој ќе испие поголема количина вотка.
Цело шише од 0,7 литри успеале да го испијат само 63-годишниот Ришард и уште еден натпреварувач.
По натпреварувањето сите си заминале дома, освен Ришард по кого дошла полицијата бидејќи започнал агресивно да се однесува.
Полицијата го одвела на лекар да го прегледа и да се отрезни, но ништо не покажувало дека тоа биле неговите последни часови од животот.
Кога болничарите сакале да проверат дали дошол при себе, го пронашле како лежи починат.
Елена Георгиевска