УЕФА без план за преостанатите натпревари во Лигата на шампионите

Од:

Раководството на УЕФА не подготвува план за вонредни состојби за преостанатите натпревари во Лигата на шампионите во Португалија, иако бројот на случаи на коронавирус во земјата се зголемува деновиве.

Европскиот фудбалски штаб планира да ги одржи сите натпревари од четвртфиналето во Португалија во август, но во последните денови локалните власти вратија некои од ограничувањата за борба против пандемијата.

– Се надеваме дека сè ќе биде добро и ќе можеме да го организираме турнирот во Португалија. Во моментов нема причина да подготвуваме план Б, рече портпаролот на УЕФА, кој додаде дека организацијата одржува постојан контакт со португалската фудбалска федерација и локалните власти.

Португалија е релативно помалку погодена од коронавирусот во последните месеци, но минатата недела премиерот на земјата, Антонио Коста рече дека некои од против епидемиските мерки ќе стапат во сила повторно за да се контролираат новите жаришта. Од вчера, 19 окрузи во Лисабон се повторно под карантин.

Преостанатите натпревари од Лигата на шампионите ќе се одржат од 12 до 23 август на два стадиони во Лисабон

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

Баерн – Динамо 9:2 – Најтешкиот пораз на Динамо во историјата

Горан Наумовски

Завршија првите натпревари од новата ЛШ: Победија Јувентус и Астон Вила