Бостонските напади покажаа колку е неопходно Русија и САД тесно да соработуваат во областа на безбедноста и докажува дека политиката на Москва во Северен Кавказ е правилна, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Ако ги здружиме напорите нема да дозволиме слични напади и нема да поднесуваме такви загуби, истакна Путин на годишната „Директна линија“ за време на која одговара во живо на телевизија и радио на прашања од граѓаните.
Рускиот претседател, исто така, го критикуваше Западот за тоа што одби да го прогласи за терористи чеченските борци, како и дека им предлагал политичка и финансиска помош во минатото.
Путин истакна дека терористичките напади, како тie во Бостон, не треба да се поврзуваат со проблеми со национализмот или религијата во Русија. – Имаме кажано илјадници пати. Проблемот е во екстремистичката суштина на овој народ, истакна рускиот претседател.