УКИМ ќе им отстапи 40.000 примероци од учебници на своите факултети и институти

Од:

Четириесет илјади примероци од учебници објавени со средства за издавачка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе им бидат отстапени на факултетите и институтите во состав на Универзитетот. Одлуката е донесена на последната, 172. седница на Скопскиот универзитет.

– Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје исполнувајќи ја својата мисија континуирано ја развива и унапредува интегрирараната издавачка дејност преку создавање единствени правила, постапки и критериуми за издавање учебници и учебни помагала. На овој начин се презентира и афирмира творечкиот труд и научните достигнувања на кадровскиот потенцијал на УКИМ и се збогатува стручниот литературен фонд неопходен за студентите во текот на нивното студирање. Отстапувањето на учебниците на библиотеките на факултетите и институтите е без надоместок, информира УКИМ.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование