Мицотакис: Грција е подготвена за туристичката сезона

Од:

Направивме најдобра можна подготовка, нема отстапки во прашањата поврзани со безбедноста и јавното здравје, изјави премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.

На безбедноста на граѓаните и заштитата на јавното здравје се задржа и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај’’.

Тој рече дека се преземени сите неопходни мерки за да може земјата да ја гарантира безбедноста на туристите, на локалното население, но и на туристичките работници.

-За нас, од стратешка важност се и економијата и туризмот, но секогаш со главен приоритет здравјето, јавното здравје, безбедноста на граѓаните. Ова е динамичен начин како ќе одиме напред, ќе тестираме, ќе собираме податоци, рече Кикиљас.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески