Чулев учествуваше на онлајн Регионалниот форум на министри за внатрешни работи и безбедност

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска преку вебекс апликацијата учествуваше на состанок на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи и безбедност на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), организиран во рамки на косовското претседателство.

Во своето обраќање министерот Чулев се осврнал на пандемијата Ковид-19 и предизвиците поврзани со неа со кои се соочуваат полициските службеници во својата секојдневна работа, како и во делот со борбата против трговијата со луѓе и нелегалната миграција.

Тој, како штосоопшти МВР, изразил благодарност на МАРРИ и неговите партнери за досегашната соработка и огромната заложба што секојдневно ја покажуваат кон Министерството за внатрешни работи.

– На Форумот, Република Косово официјално го предаде претседавањето со МАРРИ на Црна Гора, а беше усвоена и „Приштинската декларација“ со која, меѓу другото, се охрабруваат министрите за надворешни работи на учесничките на МАРРИ да се заложат за поставување на МАРРИ како главна агенција за миграција во шесте земји од Западен Балкан, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски