Бичиклиски: Црвенковски да каже каде отидоа парите од нафтата

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски на прес конференција од како што кажа местото на „договараниот криминал“ според признанието и кажувањата на Љубомир Магаш, посочи дека тука Црвенковски и Фрчковски прифаќале, се пазареле да се шверцува нафта по 25 фенинзи за литар прошверцувана нафта.

„Ова е местото каде биле предавани милиони марки. Ова е местото каде Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски добивале пари на рака.

Нема да престанеме да прашуваме:

Колку ли само литри нафта биле прошверцувани и колку ли само пари биле испрани?

За колкав шверц станува збор, колку цистерни пуштаа низ границите и кој се се богатеше, додека народот го осиромашуваа и го ограбуваа?

Во кои џебови отидоа парите од шверцот на нафта? Со име и со презиме, без политиканство и обиди за забошотување на темата.

Ова се сериозни обвинувања и наводи искажани од Магаш, нема бегање, Бранко Црвенковски мора да одговори.

Ова мора да се расчисти. Не поради потсетување на минатото, туку поради тоа што овие исти луѓе и денес се обидуваат повторно да дојдат на власт. Да бидеме на чисто, дали овие луѓе сакаат да се вратат на власт за да повторно организираат и прават криминал врз грбот на народот, дали сакаат да се вратат на власт за да повторно се случи шверц на нафта, на цигари, да се повторат скандали како ТАТ и Октподот“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски