Комисијата за заразни болести одобри одржување на јавни настани, собирања, музички концерти, а наскоро ќе биде објавен и новиот протокол за работа во согласност со состојбата со Ковид-19.
Веста беше најавена денес и од страна на министерост за здравство, Венко Филипче.
Од ИВАП упатија голема благодарност до министерката за финансии, Нина Ангеловска и до заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска и до сите кои биле подготвени да ги слушнат нивните барања и да се вклучат во изнаоѓање на квалитетно решение за културниот сектор.
– Ние остануваме одговорни компании кои се грижат за јавното здравје и ве уверуваме дека нашите настани можат да бидат безбедни за сите посетители, секако само ако сите сме одговорни и ги почитуваме протоколите. Секако апелираме и на останатите организатори на настани да се придржуваат и да ги почитуваат усвоените протоколи. Наскоро ќе ги објавиме и условите под кои ќе се одвиваат настаните. Апелираме – носете маски, чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита, соопштија од ИВАП