Амбасадорот на САД во Тирана незадоволен од работата на Централната изборна комисија

Од:

САД се обидоа да извршат притисок врз Албанија да го реши прашањето за реконструкција на Централната изборна комисија, за да овозможи во јуни да се одржат слободни и демократски избори, јави БТА.

Албанската Влада и опозицијата веќе ги објавија своите предизборни коалиции, но не кажаа ништо за нефункционалноста на Централната изборна комисија, што го поттикна Вашингтон јавно да го изрази своето незадоволство.

– Со цел да се одржат добри избори, вие имате потреба од функционална ЦИК, а не Комисијата која функционира на игра на зборови. Таа треба да биде резултат на политички консензус, изјави вчера американскиот амбасадор во Тирана, Александар Арвизу, во градот Корча.

Поларизацијата меѓу двете главни партии во земјата, загриженоста за пропустите во албанската демократија и бавното темпо на реформите го успорија процесот на интеграција на земјата во Европската унија.

Демократската партија на премиерот Сали Бериша е во коалиција со 24 други партии на платформа, базирана на намалување на високата невработеност и придвижување на балканската земја кон ЕУ. Социјалистичката партија, предводена од Еди Рама, која сака да ги собори демократите од власт по два нивни четиригодишни мандати, е обединета со 39 други партии во коалицијата „За Европска Албанија“. Создавањето на големи коалиции е потребно заради албанскиот регионален пропорционален систем.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски