ВИДЕО: Луѓе бегаа од кафулињата во моментот кога силен земјотрес го погоди Родос

Од:

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Родос. Тој се случил во 20 часот и 43 минути по локално време. На социјалните мрежи се споделуваат видеа од надзорни камери во угостителските објекти во моментот кога се случил земјотресот. На видеата се гледа како луѓето панично стануваат од масите и бегаат надвор од кафулињата.

Епицентарот на земјотресот бил под морското дно североисточно од Родос. Потресот е детектиран на длабочина од 40 километри.

Засега нема информации за потенцијални жртви и поголеми материјални штети.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески