Кошаркарите на Кожув му го нанесоа првиот пораз на МЗТ оваа сезона на терените во Македонија. Избраниците на Марјан Србиновски, го победија актуелниот шампион со 83:80 по дополнителните пет минути, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 71:71.
Во дополнителното време Кожув до победата го предводеа Божовиќ и Пековиќ, токму овие двајца беа најефикасните играчи на Кожув, Пековиќ постигна 19, а Божовиќ поен помалку.
Чековски со 22 поени и седум скока беше најдобриот играч на МЗТ на оваа средба. Инаку, МЗТ во финишот на мечот остана без Гечевски, кој поради повреда мораше да ја напушти играта.