Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј лидер е Едмонд Темелко на престојните парламентарни избори ќе биде дел од десната коалиција „Алијанса за работа,благосостојба и интеграција“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша.
Според онлајн изданието на весникот „Шекули“ коалицијата, Бериша јавно ја преставил на прес конференција, оценујаќи при тоа дека тоа е коалиција која ќе го повтори триумфот од 1992 година. Оваа коалиција ја сочинуваат 24 политички партии.
– Ние се ангажираме за начелото Европска Албанија преку три главни столба, работа, благосостојба и инеграција. Ние се обединивме за да ги постигниме овие стремежи за граѓаните. Потписниците на договор обединети се на нашата верба дека многу повеќе работни места и повисоки плати се база за една европска Албанија, – изјавил Ридван Боде, генерален секретар на ДП, по потпишувањето на коалицискиот изборен договор.
И на претходните парламентарни избори МАЕИ беше дел од изборната коалиција на десницата, предводена од Демократскта партија на Сали Бериша, со 76 кандидати,но не успеа да освои пратенички мандат.
Обновената партија на Македонците во Албанија, пак, Партија за просперитет и демократија на Изеир Фетаху на престојните парламентари избори во Албанија ќе биде во коалицијата „Алијаса за европска Албанија“, предводена од опозициските социјалисти на Еди Рама.