ДОМ: Дали е поднесена жалба за Иловица?

Од:

Зелената партија ДОМ го прашува Министерството за економија дали е поднесена жалба на пресудата на Управниот суд за рудникот Иловица.

„Има повеќе од доволно аргументи за оспорување на пресудата, за потоа да се потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.
Прво, Владата ја одзеде концесијата за рудникот Иловица на 16.12.2019 година поради прекршување на Договорот за концесија. Имено, ни по 7,5 години (од 16.6.2012 година) од доделувањето на концесијата и по 5, односно 4,5 години (од 23.9.2014 година и од 22.6.2015 година) од потпишувањето на Договорот и Анексот на договорот, концесионерот немаше обезбедено потребни документи, ниту поднесено барање за издавање дозвола за експлоатација, а рокот изнесува 4 години (како што стои во владината одлука за прекин на договорот).

Второ, студиите за оценка на влијанието врз животната средина, кои се најважни документи во случај на експлоатација на минерални суровини, се крајно проблематични. Постои т.н. Студија за Иловица 6, која не е донесена според закон, зашто не била воопшто претставена пред јавноста на јавна расправа! Постои исто така друга Студија, која се однесува за двете концесии споени во едно, иако никогаш не било одобрено спојување. Оваа Студија ги идентификува негативните влијанија врз животната средина, бидејќи се работи за една од најопасните и најзагадувачките технологии во светот, какви што имаат предизвикано 30-на еколошки катастрофи во последниве децении, поради што се забранети во редица држави! Но, и покрај тоа, Студијата предлага да се прифати проектот!? Сепак, до денешен ден не е донесено Решение за прифаќање на Студијата од страна на Министерството за животна средина, поради што не може ни да се издаде дозвола за експлоатација“, велат од ДОМ.

„Трето, целосниот концепт за Иловица, преточен во рударски проект, се состои од дел за површинско ископување на рудата и дел за нејзина преработка во огромен базен на отворено со раствор на цијаниди. Но, со измените на Законот за минерални суровини од 9.1.2019 година, забранета е употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со површински коп. Ова значи, дека се беспредметни сите документи што се однесуваат на технолошкиот процес, а беспредметно станува и прашањето ДАЛИ ќе се прави таков рудник, спротивно на закон!

Четврто, концесионерот НИКОГАШ ги нема комплетирано документите пропишани со закон, па нејасно е врз каква основа поднесувал разни барања!

Петто, од сево погоре е јасно дека нема „грешка во постапката“ од страна на Владата за неиздавање одобрувања за спојување на концесиите Иловица 6 и Иловица 11, па дури потоа да решава за дозволата за експлоатација. Патем, ова барање за спојување е од 29.1.2016 година, а компанијата до денешен ден нема комплетна документација неопходна за добивање дозвола за експлоатација“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Швајцарската компанија Трафигура стана мнозински сопственик во „Еуромакс ресоурцес“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“