ВМРО-ДПМНЕ: Со отчетот на Министерството за култура за Скопје 2014 СДСМ е фатена во лага

Од:

Со соопштување на цената на чинење на проектот Скопје 2014, СДСМ е фатена во лага, а јавноста и историјата се тие кои треба да го дадат конечниот став за проектот, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од Советот за култура на СДСМ од кого очекуваат да одгвоори на две прашања – што направиле или изградиле неговите членови за Република Македонија, и каде оделе парите кога тие биле на власт.

– Свесни сме дека СДСМ, немајќи со што да се пофали во полето на културата и уметноста, а најмалку во изградбата во време кога тие владееја, сакаат да фрлат дамка на се што се гради, помага и субвенционира во интерест на граѓаните. Нивниот т.н. Совет за култура служи единствено само за плукање на сите проекти што се изградени и што се во фаза на израдба, заради тоа што се соочуваат со фактот дека самите тие ништо не направиле и ништо не изградиле во својот живот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, очигледна е нервозата на СДСМ од одржаната прес-конференција од страна на Министерстворто за култура, поранешниот градоначалник на Општина Центар и Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, на која јавно и транспарентно беа презентирани сите документи, постапки и процедури спроведени при реализација на овој проект.

– Уште позначајно, на таа пресконференција беше презентирана и вкупната вкалкулирана вредност на целокупниот проект, со што се покажа дека неговата вредност е нешто повеќе од 200 милиони евра, се движи од 0.5% до 1.5% од годишниот Буџет на Република Македонија и е многу, многу помалку од она што СДСМ го тврдеше дека чини, а тоа беше од пола милјарда до милјарда евра. СДСМ ќе беше среќна ако фактите за вредноста и процедурите не беа јавно презентирани. Така ќе продолжеше да ја лаже и замајува македонската јавност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега кога целата јавност ги има на увид сите потребни информации, се додава, СДСМ, која 15 годии владееше и ништо не изгради, е фатена во лага.

– Скопје 2014 е проект за граѓаните на Република Македонија и за Република Македонија. За нас целосно е неприфатливо дрското и безобразно однесување на СДСМ со кое што го нарекува поставувањето на спомен обележја на видни македонски дејци (Гоце Делчев, Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, Јордан Хаџи-Констанинов Џинот, Ѓорѓија Пулевски, Браќата Миладиновци и многу други) за брутално-простачки национализам. СДСМ со својата постапка ги навредува граѓаните на Република Македонија и ги омаловажува столбовите на кои што почива македонскиот идентитен и борбата за слобода. Тоа е дно, кое што СДСМ не смееше да си го дозволи, но знаејќи го фактот дека во Советот за култура на СДСМ членуваат и личности кои во својот живот единствено што работеле е кодошењето, не е и неочекувано, се вели во реакцијата.

За ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека СДСМ своето соопштение го пишувала во координација со грчкото Министерство за надворешни работи, бидејќи, се наведува, во него се повторени истите обвинувања што тоа деновиве, ги пласира на штета на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата