Директорот на БЈБ оствари средба со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски оствари работна средба со претставници од Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР за проценка на изборите, предводена од Тибор Немеш, експерт за безбедност.

Експертот истакна дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги следи здравствените и безбедносните протоколи.

Директорот Тасевски упати покана за Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР да присуствуваат на Оперативниот штаб кој е формиран за претстојните парламентарни избори и потенцираше дека според сите досегашни анализи, нема никакви сознанија дека изборниот процес може да биде нарушен, односно дека МВР во координација со другите надлежни институции ги презема сите неопходни мерки и активности за изборите да бидат мирни и демократски.

Директорот Тасевски посочи дека досегашниот тек од кампањата се одвива без проблеми.

Би можело да ве интересира

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски