Маица на марката „Најк“, на која пишува „Бостонски масакр“, предизвика голема бура на социјалните мрежи, пренесува „Дејли меил“.
Маицата која сакаат да ја носат фановите на безбол тимот „New York Yankees“, всушност е потсетник на натпреварот од 1978-та година, кога „Yankees“ го победија „Boston Red Sox“ и ја освоија лигата.
Сомнителната маица била видена во Њујорк во продавницата на „Најк“, а еден од продавачите рекол дека само што започнале да ги отстрануваат од полицата.
Бостон се уште е во жалост поради бомбашките напади во кои беа повредени повеќе од 180 лица.