Во најновите насилства во Ирак денеска загинаа 15 луѓе меѓу кои 12 полицајци, соопшти полицијата.
Нападите се одговор на вооружени групи врз армијата заради смртоносните судири што се случија вчера на протести. Во вчерашните судири на силите за бебзбедност и антирежимски демонстранти во близина на градот Хавиџа, на север во државата, загинаа 27 луѓе што предизвика бран одмазнички напади во кои загинаа уште 27 луѓе.
Демонстрантите бараа оставка од шиитскиот премиер Нури ал-Малики како и подобро однесување на властите спрема сунитската заедница. Во судирите ранети се 70 луѓе.