Кошаркарите на Њујорк со одлична одбрана славеа победа против Бостон во плеј офот. Тие ноќеска на противникот му дозволија да постигне само 71 поен.
Конечните 87:71 беа само знак за водство од 2-0 во победи за „никси“. Најефикасен на натпреварот беше Кармело Ентони со 34 поени.
На другите два натпревара одиграни ноќеска Мајами – Милвоки 98:86 (2-0 во победи за Мајами) и Денвер – Голден Стејт 117:131 (1-1 во победи).
Вечерва се играат натпреварите: Оклахома Сити – Хјустон (1-0 во победи), Индијана – Атланта (1-0) и Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс (1-0).