Русија излезе од контролниот механизам на ОН за Сирија

Од:

Русија излезе од контролниот хуманитарен механизам на Обединети нации за Сирија, што беше воведен за заштита на болниците и хуманитарната помош од напади од некои од спротивставените страни во сириската граѓанска војна, се наведува во нотата што ОН ја испрати до хуманитарните организации.

Русија одлуката за повлекување ја донесе по априлскиот интерен извештај на ОН во кој се наведува дека е „многу можно сириската Влада или нејзините сојузници минатата година да извршиле напади врз три болници, едно училиште и камп за деца во северозападна Сирија.

Русија и Сирија тврдат дека нивните вооружени сили не напаѓаат цивили, ниту цивилни објекти, при тоа повторувајќи оти „се сомневаат во изворите што ги користи ОН“.

ОН се загрижени поради одлуката на Русија да се повлече од контролниот хуманитарен механизам на ОН за Сирија, се наведува во соопштението на ОН и се најавува дополнителни разговори со официјална Москва.

ОН апелира и до сите страни во сирискиот конфликт да се придржуваат доп меѓународното хуманитарно право.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија