Велика Британија бара сојузници во ЕУ против „социјалниот туризам“

Од:

Велика Британија бара од другите земји членки на ЕУ поддршка во борбата со т.н. социјален туризам, залагајќи се за многу поостри ограничувања за имигрантите кои не доаѓаат за работа, тукуза користење на социјалните фондови и на бенифициите во јавниот сектор, како бесплатното образование и лекување.

Британската позиција засега ја поддржаа Германија, Австрија и Холандија. Овие четири земји упатија заедничко јавно писмо во кое предупредуваат внатрешните мигранти во ЕУ се насочуваат во најголема мерка кон училиштата, здравствената заштита и кон инструментите на социјалната држава, обременувајќи ги фондовите на земјите каде се населуваат.

Заедничката реакција на овие четири земји од Унијата, доаѓа во време кога „илјадници имигранти – Бугари и Романци“ се подготвуваат да тргнат кон Велика Британија и кон другите богати земји во ЕУ, откако Брисел, на почетокот од 2014 година ќе ја укине седумгодишната рестрикција кон Бугарија и Романија.

Владата во Лондон претходно најави дека ќе го ограничи достапот на имигрантите до бенифициите во секторот на домувањето, при правната помош и во државното здравство.

Во писмото, четирите земји сметаат дека слободното движење на работната сила во рамките на Унијата, што е едно од основните начела на кои се потпира ЕУ „не може да биде безусловно“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски