САД: Извештај за најдоброто и најлошото занимање на годината

Од:

Американската компанија за планирање кариери Кариер Каст (Career Cact) го објави извештајот за 2013 година за годишното истражување на најдобрите и најлошите занимања во земјата. Според овој извештај најдобро занимање е статистичар во Завод за осигурувавање, додека најлошо занимање, од аспект на плата и ризици, е новинарството во печатените медиуми.

Станува збор за 25. ваков годишен извештај кој е заснован врз истражување базирани на податоци собрани од јавните и цивилни претставништва на работници, професионални комори и различни анкетни истражувања во САД.

Во извештајот се наведува дека, според критериумите работна средина, месечни примања, општествен углед и стрес, за 2013 година најдобро занимање во САД е статистичар во Завод за осигурување, кој во просек добива по 91 илјада долари годишно.

Второ најдобро занимање во САД е биомедицински инжењер со годишно примање од 85 илјади долари, додека на трето место е софтверски инжинер, кој во просек заработува по 89 илјади долари годишно.

Истражувањето покажа дека оваа година најлоши занимања во САД се новинар во печатени медиуми, дрвосечач, работник на нафтени сонди, поштар разнесувач, хостеса, млекар и други.

За најлошо занимање е оценето новинарството во печатените медиуми, кое освен ризикот на работа го карактеризира и лошата репутација во општеството, а годишните примања изнесуваат нешто повеќе од 35 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски