Спасовски се сретна со делегација составена од претходните претседатели на Здружението на Египќаните

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска по повод 24 јуни, Меѓународниот ден на балканските Египќани, прими делегација составена од претходните претседатели на Здружението на Египќаните, основано пред 30 години во нашата земја, предводена од пратеникот Рубин Земон.

-Чест ми е што денеска сте тука и особено сме горди што како Влада го изградивме и продолжуваме по патот на почитување на концептот „Едно општество за сите“, почитувајќи ги сите заедници, особено оние помалубројните, рече премиерот Спасовски, честитајќи го Меѓународниот ден на балканските Египќани, како и тридеценискиот јубилеј од формирањето на Здружението на Египќаните во Северна Македонија.

Спасовски подвлече дека, секоја заедница е важна во државата и Владата ќе продолжи во насока на обезбедување еднаквост, социјална правда, правичност, еднакви можности, вклученост и учество на сите граѓани во одлучувањето и постигнување на општествена кохезија.
Учесниците во делегацијата на заедницата на Египќаните, заблагодарувајќи се за приемот, на премиерот Спасовски му изразија поддршка за конструктивните политики на Владата за значително подобрената состојба за разлика од наследената состојба со поделеното општество, говорот на омразата и криминалот од омраза кон „другиот“, се вели во владиното соопштение.

Претставниците на заедницата на Египќаните изразија поддршка за преземените политики особено со зголемувањето на политичката претставеност на Египќаните во процесот на донесувањето на одлуките.

Здружението, формирано на 24 јуни 1990 година во Охрид е најстарата општествено-политичка организација на оваа заедница на Балканскиот Полуостров, која има за цел заштита и унапредување на културата и идентитетот на Египќаните во Република Северна Македонија, развој на образованието, заштита на човековите и малцинските права, како и поголемо вклучување на припадниците на оваа заедница во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски